Џонсон се заканува со избори и со повлекување на договорот за Брегзит

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, ќе го повлече законот за Брегзит и ќе повика општи избори, ако пратениците се откажат од планираниот распоред за расправа во парламентот.

Во рамките на тој распоред во парламентот треба да биде изгласан тој закон.

Тоа за „Би-Би-Си“ го изјавил извор од британската влада, пренесувајќи дека „владата не сака да губи време со овој Парламент“.

Законот за Брегзит е објавен во понеделникот навечер и британскиот Парламент расправаше за него.

Како што се пренесува, гласањето за законот треба да почне околу 19.00 часот по локално веме, пренесува „Би-Би-Си“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот