Џонсон се уште на интензивна нега, но состојбата му се подобрува (ВИДЕО)

Британскиот премиер Борис Џонсон/ Фото: Архива на Слободен печат

Британскиот премиер Борис Џонсон и понатаму е на одделението за интензивна нега во стабилна состојба која се подобрува, изјави денеска министерот за култура Оливер Дауден.

– Кога станува збор за состојбата на премиер, исто е како што рековме и вчера. Состојбата е стабилна и се подобрува, рекол Дауден.

Џонсон е примен во болницата во Лондон во недела, 5 април, заради константната висока температура и кашлица, а наредниот ден бил префрлен на интензивна нега. Примил кислород, но не е приклучен на респиратор. Министерот за финансии, Риши Сунак рекол претходно дека премиерот седи исправено на креветот и комуницира со клиничкиот тим.

Џонсон е спречен да ги извршува премиерските должности во време кога земјата, според наводите на научниците, влегува во најинтензивната фаза на епидемијата.

Владата за неколку дена ќе ги преиспита мерките за ограничување на јавниот живот, заради кои поголемиот дел од економијата е запрен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот