Џонсон: Се надевам на подобри односи со Русија

Фото: EPA

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека се надева оти неговата земја ќе има подобри односи со Русија.

– Јас сум како многу луѓе во Западна Европа кои секогаш се надеваат дека можеме да имаме подобри односи со Русија. Секогаш се надеваме, рече Џонсон во интервју за естонската радио-телевизја ЕРР њуз.

Тој додаде дека Лондон сака подобри трговски односи со Москва, но посочи на „ужасни проблеми” во односите меѓу двете земји.

Во овој контекст, тој потсети на инцидентот во Солсбери, за наводното труење на Сергеј и Јулија Скрипал, и оцени дека „се појавуваат ужасни потешкотии во нашите односи со Русија”.

Во Талин, Џонсон се сретна со премиерот на Естонија, Јири Ратас и ги посети британските трупи во воената база Тапа кај Талин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот