Џонсон: Растот на бројката на заразени со ковид-19 предизвикува сериозна, сериозна загриженост

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека зголемената бројка на заразени и хоспитализирани со ковид-19 е предмет на „сериозна, сериозна загриженост”, додавајќи дека сега е помалку оптимистичен за отворањето на земјата отколку во мај.

– Јасно е дека индиската варијанта е позаразна и исто така е точно дека бројките растат и дека нивото на хоспитализации расте, рече британскиот премиер за „Скај Њуз”.

– Во моментов не знаеме точно до кој степен тоа ќе доведе до смртни случаи, но јасно е дека е тоа е предмет на сериозна, сериозна загриженост, рече Џонсон.

Се очекува во понеделник Џонсон да се изјасни дали планираното укинување на ограничувањата ќе се случи на 21 јуни или се поголемиот број случаи ќе го принудат да го одложи отворањето.

Главниот британски службеник за вакцинација против ковид-19, Надим Захав, за Радио Тајмс вчера изјави дека „мора да бидеме многу внимателни. Имавме многу големо отворање на 17 мај кога луѓето можеа да остварат средби со пријателите на затворено, во ресторан, во паб, и да се дружат“.

– И мислам дека е важно за време на викендот да ги разгледаме податоците многу внимателно и тогаш тоа да и го кажеме на нацијата, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот