Џонсон: Основата на НАТО е сите за еден, а еден за сите

Британскиот премиер Борис Џонсон/ Фото: Архива на Слободен печат

Британскиот премиер Борис Џонсон, кој се најде во ситуација да жонглира со изборната кампања и состанокот на НАТО, апелираше на единство во сојузот на НАТО после критиките на францускиот претседател Емануел Макрон.

Џонсон го истакна значењето на НАТО за безбедноста на една милијарда луѓе.

– Во основата на НАТО стои ветување дека сите ќе застанеме во одбрана едни на други: сите за еден, еден за сите, изјави Џонсон по пристигнувањето во луксузниот хотелски комплекс надвор од Лондон,

Присуството на американскиот претседател во Велика Британија, каде не ужива голема популарност, за Џонсон е непријатност, оценуваат британските медиуми. Тие забележуваат дека Џонсон постојано избегнува каква било „поврзаност” со американскиот лидер и вчера не се фотографираше со Трамп, а притоа двајцата лидери имаа состанок во Даунинг стрит.

Британскиот премиер негираше дека го избегнува Трамп.

„Не би сакал да се фотографирам со сите можни лидери на НАТО”, изјави Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот