Џонсон: Ни треба спорт во вакви времиња, но само доколку сите се безбедни!

твитер

Еден од сопствениците на професионалниот бејзбол тим на Лос Анџелес Доџерс е оптимист што се однесува за завршување на сезоната, но и претпазлив.

Поранешната кошаркарска ѕвезда Меџик Џонсон вели дека доколку НБА одлучи да продолжи сезоната 2019/20 која на 11 март е прекината поради пандемијата на коронавирусот, тоа ќе се случи со играње на натпревари пред празни трибини.

Еден од сопствениците на професионалниот бејзбол тим на Лос Анџелес Доџерс е оптимист што се однесува за завршување на сезоната.

Но, од друга страна и претпазлив, бидејќи истата нема да продолжи додека трае кризата со Ковид-19 во САД и не се стабилизира, а воедно треба да бидат тестирани и играчите.

Има надежи и мислам дека е потребен само еден натпревар играчите да се адаптираат на играњето на теренот без гледачи на трибините – рече 60-годишниот Џонсон, легендата на ЛА Лејкерс во интервјуто за „CNN“.

Екс претседателот на Лејкерси верува дека професионалниот спорт ќе игра важна улога во враќањето на луѓето на нацијата во нормалниот живот и нивното здравје по завршувањето на пандемијата.

Потребен ни е спортот, особено во вакви времиња. Но, само доколку се води грижа за сите – додаде Џонсон.

Во меѓувреме, беше спроведена анкета на Универзитетот Сетон Хол, покажувајќи дека 72 проценти од Американците не би сакале да присуствуваат на спортски настани без претходно откриена вакцина против коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот