ЏОНСОН НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ВЛАСТА: Не размислувам за оставка, ќе одам во Брисел и ќе обезбедам договор!

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека не е подготвен да размислува за поднесување на оставка.

– Ќе одам во Брисел, ќе обезбедам договор и ќе излеземе од Европската унија на 31. октомври – изјави Џонсон.

Прашан дали ќе си поднесе оставка во случај ова да не се реализира, тој одговорил дека тоа не е хипотеза за која е подготвен да размислува, пренесува Ројтерс.

Џонсон во вторникот претрпе голем пораз во парламентот, откако бунтовниците во неговите редови и опозиционите пратеници гласаа за преземање на контрола над излегување на Велика Британија од Унијата.

Законот, кој има за цел да го спречи Брегзит без договор, Џонсон го обврзува од Брисел да побара продолжување на рокот за Брегзит по 31. октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот