Џонсон: Не можеме да го фотошопираме опкружувањето и историјата

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека земјата не може да го „фотошопира” своето културно опкружување и сложената историја, потенцирајќи дека тоа ќе биде извртување на минатото.

Полицијата ја чува статуата од Винстон Черчил пред најавените протести на #BlackLivesMatter во Лондон / 13 јуни 2020 / Лондон, Велика Британија / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Во врска со растечките несогласувања околу отстранување на статуи на историски личности, што го бараат антирасистичките демонстранти, Џонсон рече дека со прочистувањето и отстранувањето на сликите на „сите оние од чие однесување не сме задоволни”, Британците ќе бидат во опасност да западнат во голема лага и искривување на историјата.

Работници ја заштитуваат статуата на Махатма Ганди во Централен Лондон. Градоначалникот Садик Кан изјави дека градските знаменитости ќе бидат разгледани од комисија која ќе одлучи дали ќе бидат остранети статуите од лица кои се поврзани со робство / 11 јуни 2020, Лондон, Велика Британија / Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Во авторски текст во „Телеграф”, тој го брани Винстон Черчил и повторува дека фактот што статуата на поранешниот премиер е во опасност е „апсурден и тажен”.

– Тој беше херој и мислам дека не сум осамен кога ќе кажам дека до последниот атом на силата ќе се противам на секој обид неговата статуа да се отстрани од парламентарниот плоштад, истакна Џонсон.

Обезглавената статуа на Кристофер Колумбо во истоимениот парк во населбата Норт Енд / Бостон, Масачусетс, САД 10 јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Статуи на трговци со робови, империјалисти, но и истражувачи, како што се Кристофер Колумбо, Сесил Роудс и белгискиот крал Леополд Втори, беа мета на движењето кое, по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на полициското апсење, почна да урива споменици на Конфедерацијата низ САД.

Поглед во статуа од поранешниот белгиски крал Леополд II, испрскана со црвен спреј. Статуата се наоѓа во паркот н Африканскиот Музеј во Тервурен, во близина на Брисел / 10 јуни 2020, Белгија, Европа / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Статуите на историските личности, вклучително и Винстон Черчил, кој демонстрантите претходно го прогласија за расист, се обложени со штици за да се заштитат од евентуална штета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот