Џонсон не ја сака шкотската премиерка на седница на британската Влада

Сепак, на Џонсон не му се допаднала идејата „Никола Старџен да биде на исто ниво на политичко значење како него”, изјавил доверлив извор.

Британскиот премиер Борис Џонсон го спречи планот да се покани шкотската премиерка Никола Старџен на седница на неговиот кабинет, објави лондонскиот весник „Фајненшл тајмс”.

Предлогот да се покани шкотската премиерка на седницата на британската Влада го даде генералниот секретар на Владата, Мајкл Гов, со цел да се намали растечката поддршка на шкотската јавност за идејата за шкотска независност, но и да ѝ се даде на шкотската премиерка можност да зборува.

Сепак, на Џонсон не му се допаднала идејата „Никола Старџен да биде на исто ниво на политичко значење како него”, изјавил доверлив извор.

Мнозинство од 54 проценти од Шкотите се за отцепување на Велика Британија затоа што шкотската Влада, според граѓаните, подобро се справила кризата со коронавирусот од владата на Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот