Џонсон: Не е точно дека го исмејувавме Трамп

Британскиот премиер Борис Џонсон игнорираше денеска новинарско прашање околу видео снимка на која наводно тој, францускиот претседател Емануел Макрон и канадскиот премиер Џастин Трудо го коментираат однесувањето на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во медиумите денеска се појави видео снимка на која наводно се гледаат Трудо, Макрон, Џонсон, холандскиот премиер Марк Руте и британската принцеза Ана како разговараат во Бакингемската палата, а се слуша како Трудо, по повод долгата прес-конференција на Трамп, вели: „Токму сега видовте како им паѓаат вилиците на неговиот тим”.

– Навистина не знам за што станува збор. Тоа е комплетна глупост и не знам од каде доаѓа, истакна Џонсон.

Новинари го прашаа и Трудо да даде свој коментар за видео снимката, на што тој одговори дека има добри односи со Трамп. Тој објасни дека тие не се шегувале на прес-конференцијата која вчера ја одржа Трамп, туку на локацијата каде што ќе се одржи следниот самит на Г7, а тоа е Кемп Дејвид, службеното одморалиште на американскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот