Џонсон: Наскоро ќе се вакцинирам и тоа со „АстраЗенека”

Борис Џонсон
Борис Џонсон/ Фото: EPA-EFE/JESSICA TAYLOR/UK PARLIAMENT HANDOUT MANDATORY CREDIT: UK PARLIAMENT/JESSICA TAYLOR HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Британскиот премиер, Борис Џонсон откри дека наскоро ќе се вакцинира против коронавирусот, потенцирајќи дека тоа ќе го стори со вакцината на „АстраЗенека”/Оксфорд и покрај актуелните грижи што се појавија поради одредени случаи на згрутчување на крвта, јави агенцијата ДПА.

Зборувајќи пред пратениците за време на неделната сесија на британскиот Парламент, Џонсон беше запрашан за тоа што неколку земји го суспендираа вакцинирањето со нивната вакцина заради проблеми со згрутчување на крвта.

Наместо да одговори на прашањето за суспензијата, во која се вклучени и Германија и Португалија, тој кажа дека „можеби најдоброто нешто што ќе го кажам за програмата за вакцини на Оксфорд/ „АстраЗенека” е дека конечно добив вест дека наскоро ќе се вакцинирам”.

– И тоа сигурно ќе биде со вакцината на Оксфорд/„АстраЗенека”, рече британскиот премиер.

Поентата на Џонсон предизвика прашања од новинарите, бидејќи на Британците не им е дозволено да избираат која вакцина ќе ја примат.

Советодавно тело за вакцини, ЏЦВИ соопшти  дека „не советува и преферира ниту една вакцина кај која било специфична популација. Од оперативни и програмски причини, една вакцина може да се понуди во одредени услови, во други да предност да добие друга вакцина”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот