Џонсон: Насилството во Бристол ги обесмисли антирасистичките протести

Британскиот премиер Борис Џонсон/ Фото: Архива на Слободен печат

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека антирасистичките демонстрации се „обесмислени од престапите”, откако демонстрантите ја урнаа статуата на трговецот со робови Едвард Колстон во Бристол и испишаа графити на споменикот на Винстон Черчил во Лондон.

Тој додаде дека луѓето имаат право мирно да протестираат, но не и да ја напаѓаат полицијата.

– Демонстрациите се обесмислени од насилството што претставува предавство на тоа против што луѓето протестираа, посочи Џонсон.

Лондонската полиција соопшти дека десетина луѓе се уапсени, а осум полицајци се повредени по вчерашните судири на демонстрантите со полицијата во центарот на Лондон.

Демонстрантите испишаа графити врз споменикот на Винстон Черчил во Лондон. Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот