Џонсон: Нашата земја е како Хулк, колку Хулк е полуд, толку е и посилен

Фото: EPA

Британскиот премиер Борис Џонсон, во интервју во кое повторно ја нагласи својата одлучност да ја извади Велика Британија од Европската Унија до 31 октомври, ја спореди својата земја со фиктивниот супер јунак, неверојатниот Хулк, објави Дејли мејл.

Џонсон рече дека ќе најде начин да ја заобиколи одлуката на парламентот според која мора да побара одлагање на брегзитот ако не склучи договор со ЕУ, пишува во неделното издание Дејли мејл.

„Колку е Хулк полуд, толку е и посилен, изјавил Џонсон за Дејли мејл.

„Хулк секогаш бегал, колку и да се чинело дека е цврсто поврзан, таква е и оваа земја. Ќе излеземе до 31 октомври“, додаде Џонсон.

Британскиот парламент неколкупати одби договор со ЕУ. Џонсон изјави дека сака да испреговара нов договор со ЕУ, заштитен механизам кој ќе осигура дека и по брегзит, нема д аима граници меѓу Ирска и Северна Ирска.

Ова прашање е исклучително важно за поделената Северна Ирска. Ирските националисти остро се спротивставуваат на враќање на границите, а поради можното воведување на границите, неодамна е објавена и анкета која покажува дека за првпат, поголемиот дел од жителите на Северна Ирска, 51 отсто, сакаат соединување со Ирска.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот