Џонсон најавува нови избори: Воопшто не сакам избори, но искрено не гледам друг начин

Британскиот премиер Борис Џонсон денес рекол дека изборите се неопходни за британската јавност да одлучи дали сака Брегзит на 31 октомври или да се продолжи рокот.

„Воопшто не сакам избори, но искрено не гледам друг начин“, рекол тој за време на посетата на полициската академија во Вејкфилд.

Пратениците вчера го одбија повикот на Џонсон за вонредни избори на 15 октомври, а пред тоа усвоија закон кој го спречува Брегзит без договор.

Џонсон рекол дека Парламентот „ќе ја уништи нашата преговарачка моќ“ и ќе ја предаде контролата на Европската Унија.

Тој додал дека „навистина треба да одлучи народот на оваа земја“ дали Велика Британија ќе го напушти ЕУ на 31 октомври или не.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот