Џонсон: Мерките ќе се олеснуваат со „детски чекори”

Фото: EPA-EFE/MARK MARLOW

Во Велика Британија се заразени 223.060 лица, а починаа 32.065, најголем број во Европа.

Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека олеснувањето на рестриктивните мерки за спречување на ширењето на новиот коронавирус ќе се одвива со „детски чекори”.

Премиерот Џонсон исто така предупреди дека може да се вратат мерките доколку стапката на заразени повторно се зголеми, пренесува британскиот весник „Индипендент” на својата веб-страница.

Во Велика Британија се заразени 223.060 лица, починаа 32.065, најголем број во Европа, а се излекуваа 43.512 пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот