Џонсон ќе воведе карантин и за други земји, ако има потреба за тоа

– Во овој момент кога мора да ги следите упатствата што ги даваме, ние дадовме упатства за Шпанија и некои други места низ целиот свет, рече Џонсон. 

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека земјата ќе воведе карантин и за други земји доколку продолжи да се зголемува бројот на случаи на коронавирусот, и ако е неопходна таква мерка.

Тој ова го изјави по повод одлуката на британската Влада да воведе карантин за лицата кои се враќаат од Шпанија.

– Се плашам дека гледаме знаци на втор бран во други земји. Тоа е наша работа, наша должност е да дејствуваме брзо и одлучно за да ги спречиме патниците што се враќаат од другите земји да го шират вирусот овде во Велика Британија, рече Џонсон.

На прашањето дали 14-дневниот карантин може да се намали, Џонсон рече дека бара начини за ублажување на карантинот, да им се помогне на луѓето и да се обезбеди науката да работи за да им помогне на патниците и туристите, пренесува Би-Би-Си.

– Во овој момент кога мора да ги следите упатствата што ги даваме, ние дадовме упатства за Шпанија и некои други места низ целиот свет, рече Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот