Џонсон: Ќе се борам за секој глас

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ќе се „бори за секој глас” до парламентарните избори кои ќе се одржат в четврток.

– Ќе се борам за секој глас, изјави лидерот на конзервативците, надевајќи се дека ќе освои мнозинство, неопходно за усвојување на договорот за Брегзит.

Спроведувањето на Брегзит за Џонсон е приоритет во кампањата. Доколку победи, тој ќе го поднесе договорот на гласање во Парламентот, за да може Британија да излезе од ЕУ на 31 јануари 2020 година.

Според анкетите, чии резултати ги објави весникот „Гардијан”, конзервативците имаат 11 процентни поени поддршка повеќе од лабуристите пред одржувањето на вонредните избори.

Лидерот на конзервативците, кој дојде на власт во јули, не сакаше да коментира дали ќе поднесе оставка доколку не освои апсолутно мнозинство.

Џонсон нагласи дека своето внимание ќе го насочи на претстојните пет дена, бидејќи, како што наведе, луѓето во Велика Британија тоа го очекуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот