Џонсон ќе бара поддршка од парламентот за договор со ЕУ

Британскиот премиер Борис Џонсон ќе побара од парламентот да поддржи секаков договор за Брегзит постигнат со ЕУ во рок од 24 часа, дознава „Тајмс“.

Џонсон денеска ќе достави предлог со кој ги повикува пратениците да го поддржат секој договор што тој ќе го обезбедува со ЕУ на Самитот од 17-18 октомври, заедно со условите таканаречениот Беновакт, кој го обврзува да побара пролонгирање на Брегзит доколку не се постигне договор, посочува весникот. .

Европската унија вчера се согласи да започне интензивни разговори со Велика Британија за откочување на застојот за Брегзит, најавувајќи дека може да се постигне договор пред крајниот рок на 31 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот