Џонсон ја започна реконструкцијата на својот кабинет

Фото: EPA-EFE/UK PARLIAMENTARY RECORDING UNIT

Покрај реконструкција на кабинетот, Џонсон треба да го именува и претседателот на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации, што ќе се одржи во ноември во Глазгов.

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска започна со реконструкција на својот кабинет за формирање тим, како што најави, за да се исполни неговата визија за Велика Британија по Брегзит.

Првиот член на кабинетот што го отпушти е министерот за Северна Ирска, Џулијан Смит, што, како што пренесуваат британските медиуми, е изненадувачки потег со оглед на пофалбите што ги доби за неговата улога во решавањето на тригодишната криза за време на која покраината беше без влада и парламент.

Покрај реконструкција на кабинетот, Џонсон треба да го именува и претседателот на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации, што ќе се одржи во ноември во Глазгов.

Планирањето на настаните почна по минатонеделното отпуштање на министерката Клер О Нил, која беше задолжена за организација.

Како што пренесуваат светските агенции, конзервативната администрација на Џонсон сега се соочува со уште еден голем предизвик, бидејќи до крајот на годината треба да постигне трговски договор со ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот