Џонсон: Излегуваме од ЕУ, но секогаш ќе бидеме Европејци

Британскиот премиер Борис Џонсон/ Фото: Архива на Слободен печат

Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа упати апел до пратениците во текот на неделата да го одобрат договорот за Брегзит, истакнувајќи дека ниту тој ниту Европска Унија ниту јавноста не сакаат ново одложување на излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

– Јавноста не сака повеќе одложување, ниту европските лидери ниту јас. Завршуваме со Брегзит на 31 октомври и продолжуваме понатаму – посочи Џонсон.

Тој повтори дека новиот договор обезбедува рамка за нов однос заснован врз слободна трговија и пријателска соработка.

– Излегуваме од ЕУ, но секогаш ќе бидеме Европејци – истакна Џонсон.

 

Претходно претседателот на британскиот Долен дом, Џон Беркоу го отфрли владиното барање пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за Брегзит што го постигна Џонсон со ЕУ.

Британскиот Парламент во саботата усвои амандман со кој се спречува ратификувањето на договорот за Брегзит пред да се усвојат законите потребни за негово спроведување.

Британските пратеници денеска треба да се изјаснат за договорот за Брегзит.

Џонсон се надева дека законот ќе биде усвоен во парламентот пред 31 октомври, кога Велика Британија треба да ја напушти ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот