Џонсон има начин како да го реши проблемот со границите со Ирска, а многумина мислат дека тоа е луда идеја!

Британскиот премиер Борис Џонсон ја разгледува можноста за изградба на мост помеѓу Шкотска и Северна Ирска за да го реши проблемот во врска со „бекстоп“ политиката.

Робата од британскиот остров досега со бродови стигнуваше во Северна Ирска, но проблемот е во тоа што Ирското море е царинска зон на Европската Унија. Со Британски мост тој проблем би бил решен.
Премиерот наводно побарал од владините функционери да ги анализираат трошоците и ризиците од изградбата на мост преку Ирското море долг 45 километри.

Демократската унионистичка партија (ДУП) во Северна Ирска минатата година го поддржа планот на Џонсон за изградба на „Брегзит мост“, кој би ја поврзуваш југозападна Шкотска со Ларн во Северна Ирска, но неексплодирани бомби од Втората светска војна се едни од можните ризици за таков проект, пренесува „Channel 4 News“.

Џонсон побарал од функционерите да истражат „каде тие пари би можеле да се употребат“, како и тоа да се разгледаат евентуалните „ризици поврзани за проектот“, од кои еден е „муниција од Втората светска војна во Ирското море“.

Министерството за сообраќај наводно составило документ за планова за иградба по разговорите со ДУП и поранешниот државен секретар Крис Грејлинг.

Минатата година, Џонсон стана мета на потсмев, кога, додека уште беше министер за надворешни работи, ја произнесе идејата за изградба на мост.

– Она што би требало да го направиме е да изградиме мост меѓу нашите острови. Зошто да не го направиме тоа? Можеме да направиме уште многу работи и во актуелниот пристап за Брегзит ме растажува тоа што сме во опасност да не си веруваме на себеси, да не и веруваме на Британија – изјави тогаш Џонсон.

Меѓутоа, рекацијата кај присутните политичари не беше таква каква што Џонсон очекуваше, па тој беше замолен да престане да дава „луди идеи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот