Џонсон и неговата девојка посвоиле кученце – Мачорот Лери доби друштво (ФОТО)

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата девојка Кери Симондс посвоиле напуштено кученце од расата Џек Расел, пренесува Н1.

Симондс објавила фотографија од кучето на тревникот пред премиерската резиденција.

„Запознајте го нашето убаво мало спасено кученце, Дилан“, напишала Симондс на Твитер покрај фотографијата.

Кученцето е спасено од фарма за кучиња, а премиерот и неговата девојка го земале од стационар за животни.

Засега не е познато што долгогодишниот станар на Даунинг стрит, мачорот Лери, мисли за новоста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот