„Џонсон и Џонсон“ почна со испорака на вакцини против ковид-19 во ЕУ

Џонсон и Џонсон вакцина/ Фото: ЕПА

„Џонсон и Џонсон” денеска започнаа да ја доставуваат својата вакцина против ковид-19 до Европската унија, која се дава во единечна доза, соопшти Питер Лизе, европратеник од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел.

Компанијата „Џонсон и Џонсон“ првично планираше да започне со испорака на вакцината на почетокот на април, но ова беше одложено поради потешкотии во производството,

– „Џонсон и Џонсон“ денеска започнаа да испраќаат пратки со вакцини во ЕУ, соопшти Лизе.

Американската компанија вети дека на ЕУ ќе и испорача 55 милиони до крајот на јуни и уште 120 милиони дози во третиот квартал, изјави претходно овој месец комесарот за индустрија на Европската комисија, Тиери Бретон.

– До неодамна беше нејасно дали ќе го исполни тоа ветување. Но, 50 милиони дози се сигурни за вториот квартал, рече Лизе, додавајќи дека информациите ги добил од самата компанија и од Европската комисија, која ги координира преговорите со фармацевтските компании.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот