Џонсон ги повика Европејците на „прагматизам и компромис“ за ситуацијата со Северна Ирска

Борис Џонсон/ Фото: ЕПА

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ги повика Европејците да покажат „прагматизам и компромис” за новонастаната ситуација во Северна Ирска по Брегзит, што во оваа британска провинција ги зголеми тензиите.

Џонсон „јасно стави до знаење дека сака сите да покажат прагматизам, но истакна дека е клучно зачувувањето на мировниот договор од Велики петок” соопшти Даунинг стрит по серијата состаноци на британскиот премиер со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и лидерите ЕУ, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел.

Британските медиуми наведуваат дека премиерот Џонсон цврсто стои зад својата позиција за постбрегзит фазата.

Неговиот портпарол го отфрли пишувањето дека Макрон ја замолил Велика Британија строго да се придржува до договорот за одвојување со ЕУ, доколку сака да ги „ресетира” односите со Франција. Тој потврди дека на средбите со Макрон, Меркел и лидерите на ЕУ било разговарано за протоколот за Северна Ирска, дел од договорот за Брегзит, поврзан со трговијата со Северна Ирска.

Велика Британија и ЕУ потпишаа договор за отцепување, што го вклучува Протоколот за Ирска и Северна Ирска. Протоколот се обидува да го зачува мировниот договор постигнат на Велики петок, со кој беа укинати контролите на еден ирски остров меѓу Република Ирска и Северна Ирска.

Со цел да се избегне воведување на тврда граница на островот Ирска и истовремено да се заштити единствениот европски пазар, Протоколот предвидува воведување царински контроли на стоки што доаѓаат од Велика Британија до Северна Ирска.

Лондон, меѓутоа, посочува дека ова е неодржливо во сегашната форма поради нарушувањата во дневното снабдување на Северна Ирска со стоки и материјали и одлучи еднострано да ги одложи царинските контроли за увоз на храна во Северна Ирска.

-Важно е да се повтори дека со Макрон и Меркел се разговараше за низа прашања (…) Премиерот во сите случаи изрази доверба во позицијата на Обединетото Кралство во врска со Протоколот за Северна Ирска и желбата сите страни да покажат подготвеност за прагматизам и компромис, рече тој.

Запрашан за понудата на Макрон за „ресетирање” на односите со ЕУ доколку Велика Британија се придржува до потпишаниот договор, портпаролот кажа дека „тоа нема на таков начин да го карактеризира утринскиот состанок”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот