Џонсон денеска ќе одговара на прашања за коронавирусот во Долниот дом на британскиот Парламент

Британскиот премиер Борис Џонсон/ Фото: Архива на Слободен печат

Британскиот премиер Борис Џонсон ќе се појави денеска во Долниот дом на британскиот Парламент, првпат откако беше болен од Ковид-19, каде ќе одговара на прашања во врска со бројот на починати од коронавирусот во земјата, кој е најголем во Европа.

Тој првпат во Парламентот ќе се соочи со лидерот на лабуристите, сер Кир Стармер, кој е избран за претседател на опозициската Лабуристичка партија на почетокот на минатиот месец.

Џонсон ќе одговара на шест прашања, кои ќе му ги постави Стармер, поврзани за заштитната опрема и бројот на починати во домовите за стари и изнемоштени лица.

– Добро е што се вратив. Сакам да им оддадам почит на припадниците на Националната здравствена служба и 29 негователи кои за жал починаа од новиот коронавирус, истакна Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот