Џони Деп планира да се венча со девојката со која се бакнуваше во Белград

Фото: EPA-EFE/ENNIO LEANZA

Џони Деп неодамна престојуваше во соседството поради снимање филм. Тој беше фотографиран како се бакнува со девојка, која најпрво никој не можеше да ја идентификува.

Но, по кратко време медиумите открија дека се работи за руската танчерка Полина Глен. Тие беа видени заедно и минатата година во Москва, но немаше знаци дека се во сериозна врска.

Полина е околу 30 години помлада од актерот. Таа има околу 25 години, а со популарниот актер се запознала во Лос Анџелес минатата година.

Како што наведува „Дејли мејл“, Полина и Џони планираат да се венчаат, а наскоро тој ќе ги запознае и нејзините родители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот