ЏОН СНОУ ЈАСЕН И ГЛАСЕН: Гледачи, вие не ја сфативте серијата!

игра на тронови game of thrones
Фото Профимедиа

Реакциите во врска со последната епизода од „Игра на тронови“, но и за целата серија, не запираат дури и неколку дена по прикажувањето.

Авторот на книгите веќе им одговори на обожавателите и им ги објасни неговите планови да напише уште најмалку 3.000 страници од приказната.

Доколку не сте ја гледале последната епизода, бидете внимателни, во продолжение следуваат спојлери.

Во врска со реакциите се огласи и актерот Кит Харингтон, кој во серијата го глуми Џон Сноу.

Тој (Џон Сноу) во последната епизода ја убива Денерис Таргаријан, на незадоволство на голем дел од обожавателите. Многумина мислеа дека токму таа е клучен лик во серијата кој е внимателно граден од првата до последната епизода. Со своја реакција се јави и Харингтон, кој го глуми Сноу и им се обрати на сите оние кои ја жалат Денерис.

„Беше повеќе од очигледно дека Денерис тргна по лош пат. Ако мислевте дека нема да стане тиранин кој треба да биде совладан, тогаш цело време сте се лажеле“, изјавил актерот за магазинот „Entertainment Weekly“.

„Ако внимателно сте ја следеле нејзината приказна, ќе се сетите дека правеше ужасни нешта, палеше живи луѓе. Затоа морам да ви кажам дека сте биле во заблуда и дека ако сте навивале за неа, сами сте виновни што сега ја жалите“, вели Харингтон и додава:

„Дени не е добра личност. Не можете да заклучите дека силни жени се добри луѓе. Знам дека ќе има реакции на оваа изјава, но ништо нема случајно во овој проект. А, всушност, каде сте виделе жена да глуми диктатор?“, завршува актерот.

БОНУС ВИДЕО:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот