Џон Кери во посета на Брисел утре

Џон Кери/ Фото: МИА

 Специјалниот претставник на американската администрација задолжен за климатските прашања денеска ја започнува својата мини тура на Европа, а утре ќе учествува на состанокот на еврокомесарите во Брисел.

Џон Кери денеска е во Лондон, а утре попладне треба да пристигне во седиштето на Европската комисија каде ќе даде изјава за медиумите и потоа со потпретседателот на Комисијата, Франс Тимерманс, негов домаќин, ќе земат учество во неделниот состанокот на европските комесари.

Целта на посетата на Кери е да разговара со европските партнери и сојузници за глобалните климатски амбиции на САД, откако администрацијата на Џо Бајден одлучи да се приклучи повторно кон Парискиот договор за климата.

На 22 и 23 април ќе се одржи и 26-та конференција на Обединетите нации посветена на климатските прашања, или КОП 26. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот