Џолев: Утре ќе провериме дали записникот од сведокот во „Рекет“ воопшто стигнал во судот

Скопскиот кривичен суд ќе врши проверки дали записникот од сведочењето на бизнисменот Јордан Камчев за случајот „Рекет“, чија прва страница „протече“ во медиумите, воопшто дошол до оваа институција.

– Судот, утре, ќе направи интерни проверки и само ќе утврдиме дали воошто во судскиот предмет сме го имале или не спорниот записник, вели Иван Џолев, претседател на Кривичниот суд за Алсат.

Џолев сепак не сака да навлегува во коментари за истрагата за тоа од каде протекол документот, бидејќи смета дека тоа се активности на обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот