„Џокерот“ на Солскјер: Рашфорд го надмина рекордот на Мбапе!

twitter.com/BBCMOTD

Маркус Рашфорд имаше одлична партија на вчерашниот натпревар за Манчестер јунајтед во победата од 5:0 во Лигата на шампионите против Лајпциг.

Англискиот репрезентативец во игра влезе од 63 минута како замена за Мејсон Гринвуд, а потоа одговори на довербта од менаџерот Оле Гунар Солскјер со постигнување на три гола.

Тој сега го има најбрзиот хет-трик во историјата на ЛШ после влегувањето на теренот од клупата. На 22-годишниот член на „црвените ѓаволи“ за такво остварување му беа потребни 27 минути.

До сега рекордот го имаше Килијан Мбапе кој после влегувањето од клупата за 38 минути успеа да постигне три гола.

Воедно е вториот играч во клупската историја кој запиша три погодоци во еден меч како замена. Првиот беше сегашниот стратег Солскјер кој имаше хет-трик на дуелот од Премиер лигата против Нотингем форест во февруари 1999 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот