Џокеите во Англија се повеќе на кокаин отколку на коњи

Еден од најпопуларните спортови во Велика Британија, трките со коњи, годинава се соочува со голем проблем, се повеќе џокеи се позитивни на допинг тестовите. Последниот кој се приклучи на листата на џокеи кои се фатени како користат кокаин е Вилијам Карсон, кој е внук на легендарниот џокеј Вилијам Карсон постариот, кој пак е близок пријател на кралицата Елизабета.

Вилијам Карсон веќе два пати е апсен поради возење во пијана состојба, а не се појавил на коњички трки од 1 април, бидејќи тестирањето е спроведено на 27 март. Тој во кариерата има повеќе од 400 победи на трките со коњи, а во 2008 година го освои Голд Купот.

Одлуката за суспензија се очекува да биде донесена неделава, а интересно е што дури 300 џокеи од вкупно 1.800 колку што биле тестирани, пронајдена е иста супстанца, Бензолуецгонин, која претставува метаболит на кокаинот.

– Безбедноста, здравјето за нашите џокеи се најважни и имаме ригорозен пристап кон сите забранети супстанци. Работиме со џокеите за да разбереме зашто е зголемен бројот на позитивни допинг тестови – стои во соопштението на Британската федерација за коњички спортови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот