ФОТО | Џо Бајден ја следи само Криси Тајген на „Твитер“: Таа е шокирана како единствената ѕвезда која ја следи претседателот

Соединетите држави повторно имаат претседател на кој му е дозволено да пишува на социјалните мрежи. Покрај тоа „Твитер“ имаше специјално изненадување за Криси Тајген – таа е единствената ѕвезда што ја следи сегашниот претседател Џо Бајден на социјалната мрежа.

Тајген, која ја следат 13 милиони луѓе на Твитер, беше позитивно изненадена откако дознала дека Бајден го следи нејзиниот твитер – профил

По првичниот шок, таа објави неколку слики од екранот и пораки. Една од нив беше шега со Доналд Трамп, кој претходно ја блокираше познатата манекенка на неговиот официјален претседателски профил.

„Конечно ќе можам да ги следам објавите на претседателот и знам дека нема да бидам блокирана“, напиша таа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот