ДХЛ купи електрични товарни авиони

ДХЛ Експрес нарача 12 електрични товарни авиони од американската стартна компанија Eviation, кои ќе бидат испорачани во 2024 година, како дел од напорите за создавање на првата мрежа на електрични товарни авиони во светот, објави во вторникот компанијата, дел од германската логистичка компанија Дојче Пост.

Алис е целосно електричен авион, кој им овозможува на карго и патнички авиокомпании да управуваат со флоти со нулта емисија на штетни гасови, се вели во соопштението на DHL.

„Цврсто веруваме во иднина со логистика без емисии“, рече извршниот директор на DHL Express, Џон Пирсон.

Што може да направи електричен авион?

Со авионот може да управува еден пилот и да носи 1.200 килограми товар. Полнењето на час лет ќе трае 30 минути или помалку, а авионот ќе има дострел од 815 километри (440 наутички милји).

Електричниот товарен авион ќе се користи во сите средини што моментално се опслужуваат со авиони со клинови и турбини, а неговите напредни електрични мотори имаат помалку подвижни делови со цел да ја зголемат сигурноста и да ги намалат трошоците за одржување, се вели во соопштението.

“Од првиот ден, поставивме смела цел да ја трансформираме авијациската индустрија и да создадеме нова ера на електрични авиони. Соработката со компании како DHL, кои се лидери во одржливиот електронски товарен транспорт, е доказ дека не чека електрична ера. Оваа објава е значајна пресвртница во нашата потрага да ја смениме иднината на летање низ целиот свет “, вели извршниот директор на Eviation, Омер Бар-Јохај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот