Џинго: Единствена Македонија ќе го поништи Договорот од Преспа (ВИДЕО)

Триесет години на власт се менуваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Водени се од една истра матрица која создава хаос во државата, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Билјана Џинго од Единствена Македонија.

-Со договорите од Преспа и договорот со Бугарија се уништува духот на Македонија. Постојат механизми да се поништат овие договори. Партијата Единствена Македонија го гледа светот малку пошироко од НАТО и ЕУ и смета дека Македонија не треба да е врзана само со ЕУ и НАТО, туку постои и евро-азиска унија како и стратешко партнерство со Русија.

Џинго истакна и дека партијата е задоволна од досегашните партиски анализи за тоа како стои партијата помеѓу гласачите.

-Цело време сме на терен и премногу сме задоволни од приемот кај граѓаните, вели Џинго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот