Џим Кери сподели „анти-Трамп“ честитка за својот роденден

Instagram

Џим Кери во неделата на својот твитер-профил сподели што си посакува на својот 59-ти роденден. Комичарот овие денови е актуелен на социјалните мрежи со своите политички, „анти-Трамп“ илустрации.

Се чини дека Кери е навистина инспириран, само во јануари тој на својот твитер-профил објави веќе седум илустрации како остра критика упатена кон администрацијата на Трамп и радикалистите кои предизвикаа немири во Вашингтон на почетокот на овој месец.

twitter
Twitter

 

Овојпат, актерот теши да не ги почести своите обожаватели и следбеници со толкување на политичката состојба во пресрет на заклетвата на Џо Бајден како 46-ти претседател на Америка.

Twitter
Twitter

Денес сум 59 години млад“, напиша Кери во неделата, заедно со фотографија од Капитол Хил.

Кога ќе ги дувнам свеќите, ќе си посакам да се стави крај на пандемијата,  да видам што помалку Американци кои си ги продаваат своите души за куп лаги и Републиканската партија и еднаш засекогаш, да ги исчистат своите редови од бели шовинисти!“, напиша Џим Кери на својот твитер-пофил.

Twitter
Twitter

Ах… и еден од моите подароци да биде маршмалоу „Zing“ играчка“, актерот додаде мала шега, во негов стил.

Twitter
Twitter

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот