Џим Кери со својот одговор ја доведе новинарката во непријатна ситуација! (ВИДЕО)

instagram

Актерот Џим Кери се најде на удар на медиумите после своето интервју за магазинот „Heat“ каде разговараше за својот нов филм „Sonic the Hedgehog“. Всушност, актерот со својот одговор на новинарката Шарлот Лонг ѝ рече дека таа е единственото нешто што останало на неговата листа со желби, па на тој начин ја доведе во нпријатна ситуација, а целото видео набрзо се прошири по сите светски медиуми.

„Соник има листа со желби, па се прашував, откако направивте сешто во вашата кариера, дали во вашиот живот се уште има некоја неостварена желба?“, праша Лонг.

„Само ти. Тоа е тоа, сега сè исполнив“, изјави Кери и направи непријатна ситуација, а потоа додаде дека мора тоа да го прифати. Лонг целото видео од интервјуто го објави на својот твитер-профил и разлути бројни обожаватели и следбеници на славниот актер.

„Бев голем обожавател на Џим, но денес ја изгубив почитта кон него. Тоа е навистина неприфатливо. Се надевам дека ќе се извини“, се само дел од коментарите.

Кери се уште се нема огласено околу скандалот со новинарката. Американско-канадскиот актер неодамна изјави дека не сака да се фотографира со своите обожаватели. Наместо тоа, подраго би му било да позборува со нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот