ЏИХАДИСТИТЕ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА: Американците фрлија 40 тони бомби на остров во Ирак (ВИДЕО)

Американското воено воздухопловство го бомбардираше островот Канус , кој важи за упориште на џихадистите од Исламската држава.

Американците го бомбардираа островот со речиси 40 тони ласерски наведувани бомби.

Американските воени авиони  Ф-15 и Ф-35, наводно, го бомбардирале „островот заразен со ИСИС“ среде реката Тигар во Ирак.

„Еве како изгледа кога авионите Ф-15 и Ф-35 фрлаат 36.000 килограми бомби на островот заразен од Даеш“, напиша полковникот Мајлс Б. Кагинс на Твитер со објавени снимки од бомбардирањето.

Според првичните информации, нема преживеани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот