Џихадисти во Буркина Фасо убија 35 цивили, повеќето жени

Фото: Профимедиа

Во напад на џихадистите на северот од Буркина Фасо се убиени 35 цивили, од кои повеќето жени. Во судирот со силите за безбедност се убиени и 80 напаѓачи, соопшти синоќа претседателот на земјата Рок Марк Кристијан Каборе.

– Херојската акција на нашите војници овозможи неутрализација на 80 терористи. Овој варварски напад резултураше со смрта на 35 цивили, од кои повеќето се жени – рече Каборе.

Во судирот во градот Арбинда, во непосредна близина на границата со Мали, погинале и седум припадници на силите за безбедност.

Нападите на џихадистите во ова подрачје се честа појава, јавуваат агенциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот