Џихадисти убија над 30 војници во Нигерија
Најмалку 31 нигериски војник е убиен во заседа на воен конвој што ја поставиле џихадисти од Исламска држава. Нападот се случил во североисточниот регион Борно.
Припадниците на терористичката група вчера го нападнале конвојот во градот Мејнок, во близина на регионалниот главен град Маидугури, по што ја нападнале блиската воена база, која делумно ја запалиле.
Ова е најсмртоносниот напад на ИД оваа година против нигериската армија, која веќе една деценија се бори против џихадистичките бунтовници во регионот. Досега во конфликтот се убиени скоро 36.000 луѓе, а околу два милиони се принудени да ги напуштат своите домови.
Конвојот пренесувал оружје до Мајдугури кога бил нападнат од неколку терористички камиони и четири оклопни возила.
За време на нападот, џихадистите заплениле оружје и две оклопни возила на нигериската армија.