Џихадист на Исламска Држава пробал да положи заклетва НЕУСПЕШНО – Цел свет му се СМЕЕ (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Џихадист на ИСИЛ кој пробал да сними видео во кое ја обновува заклетвата на верност на терористичката група, бил спречен во тоа, бидејќи константно му пречела птицата која се огласувала додека тој пробувал да го прочита својот завет.

Снимката е забележана од јеменската гранка на ИСИЛ, а на неа се гледа човек на коленици кој безуспешно се обидува да ја прочита заклетвата.

Човекот е идентификуван како Абу Мухамед ел-Адени, а птицата очигледно му „идела на живци“ со пеењето, додека неговиот колега пробал да го охрабри говорејќи му да „остане мирен и ладен“.

Елизабет Кандал, експерт за Блискиот исток од Оксфорд која го споделила ова видео, рекла дека снимката била од 2017-та година, а објавена е од Ал-Каеда минатава недела за да ги исмеваат своите регионални ривали.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот