Џиџи Хадид и Зејн Малик станаа родители: Нашето девојче веќе го смени нашиот свет

EPA
EPA-EFE/JUSTIN LANE

Пејачот Зејн Малик и американскиот модел Џиџи Хадид станаа родители на здраво и убаво девојче.

Зејн (27) на социјалните мрежи сподели црно-бела фотографија од малечкото раче на девојчето кое го држи неговиот прст.

„Љубовта што ја чувствувам кон овој мал човек е неописива“, напиша Зејн.

Првата фотографија споделена од Зејн / Instagram

„Нашето девојче е овде, здраво и убаво. Ако треба да опишам како се чувствувам сега, тоа би било невозможна задача“, додаде Зејн.

Instagram

Џиџи Хадид (25) потврди дека е бремена во април, кога се појави на „Tonight Show Starrin Jimmy Fallon“. Таа во шоуто на Џими изјави дека таа и Малик се „среќни и благодарни за целата поддршка“. Џиџи и Зејн се заедно од 2015 година.

„Нашето девојче се роди викендов и веќе го смени нашиот свет. Многу љубов.“, напиша Џиџи.

Првата фотографија споделена од Џиџи / Instagram

На почетокот на оваа недела, таткото на Хадид, Мохамед изјави дека „трпеливо чека“ да пристигне бебето. Дој додаде и дека „дедо е тука и чека да те запознае“, не криејќи ја возбудата.

Пријателите, семејството и обожавателите на двојката им испраќаат пораки и ја споделуваат радосната вест за новороденчето.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот