Џиџи Буфон се врати дома, во Јувентус! - Слободен печат
СпортФудбал

Џиџи Буфон се врати дома, во Јувентус!

Како што и се најавуваше во претходните денови, денеска тоа се потврди, легендарниот чувар на мрежата Буфон потпиша за италијанскиот шампион.

Џанлуиџи Буфон наредната сезона 2019/2020 ќе го носи дресот на Јувентус, минатата сезона ги бранеше боите на ПСЖ.

Клубот потврди дека Џиџи се врати дома меѓу „бјанконерите“ и дека продолжува прекрасната приказна.

Новиот договор со „Старата дама“ ќе трае до 30 јуни 2020 година. Многумина после заминувањето од францускиот првак му предвидуваа крај на кариерата, но Буфон не се предава и ќе „лови“ нови трофеи во својата богата кариера.

Секако уште една шанса конечно да се закити барем со трофејот кој што му недостастасува во витрините, оној во Лигата на шампионите.

Лани во француската „Лига 1“ имаше 73,5% одбрани од неговите обиди, триумфи на 13 од 17 мечеви во тамошниот шампионат и со две титули во првенството и Суперкупот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close