„Џезерите“ свират по нотите на Богдановиќ, Јокиќ подобар од Ленард (ВИДЕО)

twitter/Utah Jazz

Во дербито на вечерта Денвер нагетс го совлада еден од главните фаворити за титулата, ЛА Клиперс.

Никола Јокиќ беше најзаслужен за победата на Денвер од 114:104 во дербито на вечерта во НБА над Лос Анџелес клиперс. Центаротна Денвер натпреварот го заврши со 20 поени и 15 скока, а уште шест кошаркари на Денвер постигнаа двоцифрен бррој на поени, Мареј даде 19 поени, а Херис 15 поени.

Клучен период за победата на Денвер беше втората четвртина во која остварија предност од 14 поени. Во редовите на Клиперси, Каваи Ленард беше најрепцизен со 30 поени постигнати поени, додека Лу Вилијамс даде 26 поени.


Јута џез игра одлично сезонава благодарение на Бојан Богдановиќ кој повторно постигна повеќе од 30 поени. Во деветтата победа по ред на Јута од 127:116 над Вашингтон, Богдановиќ постигна 31 поени, а неговиот тим се наоѓа на делба на второто место во Западната конференција со скор од 27 победи и 12 порази.


Триумфот на Бруклин нетс од 108:86 над Атланта хоукс помина во знакот на враќањето на паркетите на Кајри Ирвинг. Ол стар бекот по неколкунеделна пауза поради повреда се врати со 21 постигна поен и беше најпрецизен во победничкиот тим.


Резултати:
Њујорк – Мајами 124:121
Вашингтон – Јута 116:127
Бруклин – Атланта 108:86
Мемфис – Голден Стејт 122:102
Торонто – Сан Антонио 104:105
Денвер – Лос Анџелес клиперс 114:104
Феникс – Шарлот 100:92.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот