Џесика Симпсон за својот 40-ти роденден ја покажа неверојатната трансформација преку фотографии!

Instagram
инстаграм

Пејачката Џесика Симпсон за својот 40-ти роденден намали 50 килограми и се фотографираше покажувајќи ја својата фит форма.

Таа на Инстаграм објави неколку фотографии на кои ја покажа неверојатната трансформација до која дојде после раѓањето на третото дете. Џесика тренирала со тренерот на славните Харлеј Пастернак и започнала да внимава на исхраната. Резултатите се видливи. Џесика е во одлична форма и никогаш не изгледала подобро.

инстаграм

Промената ја започнала со редовни прошетки. На ден правела и до 14 илјади чекори. После тоа започнала да тренира и по 3 пати неделно. Прво се загревала со кардио вежби од 5 до 10 минути, 20 до 30 минути правела вежби за отпор и флексибилност, а на крајот имала 5 до 10 минути ладење со кардио вежби.

инстаграм

Симпсон јадела три оброци во текот на денот полни со протеини, влакна и масти, но и не пиела алкохол.

Режимот под кој таа подлегнала бил многу рестриктивен и радикален, но дал и одлични резултати. Сега пред Џесика е најважниот дел од работата, а тоа е да ја оддржува својата форма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот