„Никогаш не добив добра критика“: Џесика Алба за нејзината актерска кариера

Фото: Профимедиа

На нејзина петгодишна возраст, таа сакала да стане актерка, а на 12-годишна возраст започнала да посетува часови по глума. Својот сон го остварува доаѓајќи во Холивуд кога за прв пат и биле понудени неколку мали улоги, а подоцна добро подготвена прифатила поголеми и позначајни проекти. Денес, 20 години подоцна, Џесика Алба признава дека светот на филмот никогаш не ја сакал.

Фото: Профимедиа

Во далечната 1994 година, Џесика Алба ја добила својата прва мала улога во филмот „Camp Nowhere“. Првично требала да игра споредна улога во истоимениот филм, а кога се откажала девојката која требала да ја игра главната улога, Џесика го пополнила празното место.

Во 1998 година, таа се појави како Мелиса Хауер во првата сезона на крими серијата „Brooklyn South“, проследена со улоги во сериите „Beverly Hills“ и „The Love Boat: The Next Wave“.

Фото: Профимедиа

Својата прва голема филмска улога, Алба ја доби во тинејџерската комедија „Never Been Kissed“, а подоцна и во хорор филмот „Idle Hands“. Но, таа секако е најпозната по улогата на Макс Гевара, генетски супер воин, во серијата „Dark Angel“ што се емитуваше две сезони.

Меѓу другите улоги, Џесика е позната во филмскиот свет по филмовите „Fantastic Four“, „Sin City“, „Honey“ и „Into the Blue“.

Фото: Профимедиа

Доволно е да се каже дека таа има импресивна кариера во Холивуд, но судејќи според зборовите на денешната 41-годишна актерка, таа смета дека не оставила значителен белег во филмската индустрија.

Можеби токму поради ваквиот став таа се повлече од тој филмскиот свет во последниве години. Таа основа свој сопствен бренд под името „The Honest“ кој произведува еколошки средства за хигиена во домот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот