Џесика Алба откри дека ги шпиунирала своите деца преку скриени камери

Instagram

Холивудската актерка Џесика Алба е мајка на три деца, ќерките Онор Мари, Хевер Гарнер и синот Хејс.

Како и секоја мајка, така и холивудската актерка се обидува ништо да не им недостанува на нејзините деца, но со оваа нејзина изјава ги зачуди своите обожаватели.

Актерката изјави дека се обидува постојано да ги контролира нејзините деца. Таа инсталирала камери во сите детски соби за да ги следи како напредуваат со нивното учење, имајќи го предвид фактот дека поради пандемијата на коронавирусот и нејзините деца следат „онлајн“ настава.

Profimedia
Profimedia

Секако дека ги опоменувам ако не обраќаат внимание на она што наставникот им го кажува! Имам свои скриени камери преку кои можам да видам дали се фокусирани или се шегуваат. Ако случајно се испокараат, можам да го премотам видеото за да проверам кој почнал прв“, гордо објасни Алба.

Instagram
Instagram

Таа воедно откри дека нејзините деца не знаеле со што се занимава нивната мајка до пред неколку години.

Се сеќавам кога Онор беше прво одделение, еден ден се врати дома целата тажна и ме праша: „Зошто не ми рече дека си славна личност?“. Таа се чувствуваше изневерена затоа што не знаеше што работам, а една соученичка и донела списание на кое сум на насловна страна. На Онор не и беше јасно што бара нејзината мајка во веникот“, се потсети актерката низ смеа.

Instagram
Instagram

Алба вели дека и двете ќерки долго време мислеле дека нивната мајка работи за еколошки одобрена компанија за козметика „The Honest Company“, која ја основала, а нејзиниот син Хејс има само три години, па очигледно и не размислува за нејзината професија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот