Џесика Алба има фигура на која многу помлади колешки и завидуваат: Еве ја причината за нејзината посветеност кон вежбањето! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Иако има 39 години и три деца, многумина помлади колешки можат да ѝ завидуваат на витката линија на Џесика Алба. Актерката има витко и затегнато тело, но сепак смета дека во вежбањето треба да биде постојана. Затоа, таа објави неколку фотографии со кои одлучи да се мотивира самата себе.

инстаграм

„Да се направат здрави навики може да биде тешко, но е позабавно и поедноставно покрај семејство и пријатели“, напишала Алба која на неколку фотографии се гледа како прави чучњеви и други вежби за стомачните мускули со помош на еластична трака и медицинска топка.

инстаграм

Инаку, Џесика ужива во вежбањето и одлично се забавува.

инстаграм

„Сакам танц, тоа ми е забавно. Вметнвуам вежби за јадрото како што е пилатесот“; признала таа за магазинот Woman’s Health.

инстаграм

Таа е обожавателка на групните тренинзи бидејќи е дружељубива, а понекогаш и до 3 пати дневно ја посетува теретаната.

инстаграм

„Како што стареам, така здравјето ми станува се поважно. Најбитно е да се има урамнотежен пристап, а не да се обидува да се стане совршен“, заклучила актерката.

инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот