Џепџии украле 10 паричнични од гостиварци

Гостивар/Фото: МИА

Полициска патрола од Гостивар вчера околу 12.30 часот на улицата „Иљо Антевски-Смок” во Гостивар ги уапсила С.Р.( 56) од Скопје и А.М. (40) и Х.А. (68), двајцата од Приштина, кои во периодот од 10 до 12 часот на гостиварскиот Голем пазар извршиле џепни кражби, и ги ограбиле М.М.(68) од гостиварското село Форино и Б.Ш.(70) од гостиварско село Дебреше. Тројцата кои се сомничат за десетина извршени кражби на паричници на гостиварското подрачје. По целосното документирање на случајот, против нив полицијата ќе поднесе кривични пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот