Џентилони: Планот за опоравување на Европа би бил комбинација на гранови и заеми

Планот за опоравување на Европа од кризата предизвикана од Ковид-19 треба да биде подготвен да стапи на сила во втората половина од годинава, нагласи еврокомесарот за економија Паоло Џентилони.

Џетилони, поранешен шеф на италијанската дипломатија, во интервју за францускиот весник „Лес Ехос” рече дека планот за опоравување, за кој лидерите на ЕУ се уште анализираат, би била комбинација на грантови и заеми за најтешко погодените земји.

„Според мое мислење, таа стратегија за обновување треба да се почне во втората половина на оваа година, а не во декември. Тоа е итно”, рече Динтилони.

Европскиот комесар за економија истакна дека не не може да се чека една година за спроведување на таа стратегија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот