Џентилони: Европа ќе има летна туристичка сезона

Фото: Профимедиа

Европскиот комесар за економија Паоло Џентилони е убеден дека годинава, и покрај пандемијата на коронавирусот, ќе има летна туристичка сезона во Европа.

Тој во интервју за германскиот „Зидојче Цајтунг” изјави дека дефинитивно ќе има туристички сезони во текот на летото, но под одредени мерки и со ограничувања.

Европската комисија денеска треба да презентира препораки за постепено укинување на граничните контроли воведени за време на борбата против коронавирусот.

Ограничувањата прво треба да се укинат во оние земји каде има добар напредок во однос на бројот на пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот